28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Филипче и Мицкоски во нова полемика околу „црвените линии“ за евроинтеграциите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави во вторникот дека националните интереси и европската интеграција не смеат да бидат дел од дневнополитички препукувања, најавувајќи дека оваа недела ќе биде презентирана партиска резолуција за „црвените линии“ во процесот на пристапување кон Европската унија.

„Кога станува збор за врвните државни интереси и стратешката цел – членството во ЕУ – ниту јас, ниту СДСМ не сметаме дека тоа треба да биде предмет на калкулации или трикови,“ рече Филипче на прес-конференција во Скопје.

Тој додаде дека документот што ќе биде понуден не е барање само од Бугарија, туку официјален акт на Европската унија, резултат на долгогодишни преговори. „Во ниту еден документ не се загрозени националните интереси и не е направено предавство,“ изјави тој, додавајќи дека очекува политичките чинители заедно да ги формализираат позициите и да ја информираат јавноста.

Премиерот Христијан Мицкоски, реагирајќи вечерва на најавата на Филипче, изрази подготвеност да го разгледа документот, но со скепса кон неговата суштина. „Ајде да го видиме документот, па да дадеме и ние свој инпут. Се надевам дека ќе дозволат и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да се вклучат,“ рече Мицкоски на настан по повод шестгодишнината од Агенцијата за национална безбедност.

Сепак, тој повтори дека во минатото декларациите на СДСМ останувале „обично слово на хартија“ и дека партијата не ги почитувала кога била на власт.

Филипче возврати дека Владата „само бара изговори“ и дека премиерот не успева да управува со евроинтегративниот процес. „Ќе се бориме затоа што тоа е единствената иднина за земјата. Резолуцијата ќе ги утврди нашите црвени линии за сите да бидат чесни и транспарентни,“ изјави тој.

СДСМ најави дека утре претпладне лидерот на партијата ќе одржи прес-конференција во Собранието.

Related posts

ВИДЕО Во Скопје приведени тројца бивши борци на ИСИС

admin

Експерти за безбедност и конфликти: Балканот нема да остане имун на случувањата во Украина

ninja

УЈИЕ ја одбележа дипломската церемонија на 21. генерација во Тетово

admin

БАЈДЕН БАРА 37 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ИТНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА

ninja

Фондација „Македонија“ ја откажа блокадата на границата со Северна Македонија

admin

Катерина Колозова: Универзитетите мора да станат дел од индустриските процеси, а не само места за теоретизирање

admin