9.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кардиолози алармираат: Непотребни операции во приватна клиника наплатени од ФЗО

Шеснаесет кардиолози и кардиохирурзи од државните клиники предупредија дека најмалку осум пациенти биле подложени на непотребни операции во приватна болница, а трошоците биле покриени од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Во документ доставен до Министерството за здравство и ФЗО, лекарите навеле дека кај овие случаи биле утврдени „неправилности во индикациите за оперативен третман“. „Тоа значи дека не постоела вистинска медицинска причина за операција, според медицината базирана на докази,“ изјавија дел од потписниците.

Операциите, според нив, не се однесувале на стентирање, за кое ФЗО нема договор со приватните клиники, туку на класични кардиохируршки зафати. Останува нејасно зошто интервенциите не биле извршени во државната клиника за кардиохирургија.

Извори потсетуваат дека во минатото постоел систем на контрола според кој плаќањето од ФЗО било можно само ако пет државни кардиолози го потврделе потребниот оперативен зафат. Тој механизам бил укинат, а причините, велат лекарите, не биле предмет на нивната анализа.

Некои од нив изразија сомнеж дека системот бил напуштен за да се ослабат капацитетите на државната кардиохирургија и Клиниката за кардиологија во Скопје.

„Контрола имало, таа е напуштена. Она што сега е потребно е повторно воспоставување на механизам со домашни или странски експерти,“ изјави еден од потписниците, додавајќи дека снимките може да се проценуваат и електронски.

Според истражување на неделникот „Фокус“, ваквите случаи резултирале со милионски евра одливи годишно од ФЗО. „Парите кои се трошеле за непотребни операции би можеле да изградат нов клинички центар,“ велат извори од медицинската фела.

Лекарите предупредуваат дека покрај финансиската штета, најголем ризик носи инвазивниот третман без медицинска основа, кој може да заврши и со смртен исход.

Related posts

ТРАЈАН АНГЕЛОСВКИ: Да се намали администрацијата, а не да се покачат даноците

admin

Груби – Гарсија: Шпанија го поддржува европскиот пат на Северна Македонија

ninja

GOOGLE го стега ременот, нов бран на отпуштања

admin

Август беше најтопол во историјата: рекордни температури на копното и во морињата

admin

ТРАМП ОБЈАВИ МАПА: Ормутскиот Теснец го означи како „нова територија на САД“

admin

Уставните измени ќе ја кројат владината коалиција

admin