9.8 C
Скопје
1 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

ДИК: Повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица гласале до 16 часот

Повеќе од половина од лицата пријавени како болни или немоќни го искористиле своето право на глас до 16 часот на вториот круг од локалните избори, соопшти во саботата Државната изборна комисија (ДИК).

Според податоците на Комисијата, гласале 2.762 од вкупно 4.826 лица кои претходно биле пријавени за гласање во своите домови.

Гласањето се одвива и во 14 казнено-поправни установи, каде што право на глас имаат 1.256 затвореници. Изборниот ден, според Комисијата, минува без поголеми потешкотии.

„Денешното гласање се одвива непречено и без сериозни проблеми“, изјави членот на ДИК, Александар Кондарко, додавајќи дека досега не се евидентирани приговори.

Изборниот молк е во сила пред утрешното гласање, кога граѓаните во 32 општини и во Градот Скопје ќе избираат градоначалници во вториот круг од локалните избори.

Во недела право на глас имаат 1.013.375 граѓани.

Кондарко ги повика партиите и медиумите да го почитуваат изборниот молк и граѓаните „слободно и одговорно“ да го остварат своето право на глас.

 

 

Related posts

„Култот на спиралата“: Интернет-заедници шират мистични уверувања преку разговори со вештачка интелигенција

admin

ЕУ достигна историски рекорд: Речиси половина од струјата доаѓа од обновливи извори

admin

Светот реагира на акциите на Русија кон Украина

ninja

Каде завршија 2.000 тони жито? Судската битка Николовски–Манасиевски отвора поголема приказна

admin

АКО ВО СОСЕДСТВОТО ВРИЕ, СЕ СЛЕДИ ИЛИ СЕ СПИЕ?

ninja

Костадиновски: формирани четири предмети за системот „Сејф сити“

admin