31.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Мелони: Италијанскиот модел за центри за мигранти во Албанија станува европски стандард

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави во среда дека последните измени во системот за миграција на ЕУ ќе овозможат имплементација на планот на Рим за управување со мигранти во центри надвор од територијата на Италија, вклучително и во Албанија.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ оваа недела го поддржаа пакетот измени кој го надградува Пактот за миграција и азил од 2024 година и предвидува проширени мерки за депортација, како и правна основа за формирање „центри за враќање“ за одбиени азиланти надвор од Унијата, под услов да се исполнат безбедносните стандарди.

„Италија работеше на иновативни решенија кои сега се гледаат со сè поголем интерес и стануваат вообичаена практика“, рече Мелони на Меѓународната конференција на Глобалната алијанса против криумчарењето мигранти. „Станува збор главно за Протоколот со Албанија. Управувањето со барањата за азил и со враќањата надвор од ЕУ, но под европска јурисдикција, станува дел од европската насока.“

Измените, според италијанските медиуми, треба да им овозможат на властите да го надминат правниот застој кој го одложи целосното ставaње во функција на центарот во Гјадër, отворен во 2024 година.

Паралелно, „La Repubblica“ објави дека владата планира до пролет да го активира центарот, со нов систем во кој мигрантите прво ќе поминуваат брза проверка во италијански приемни пунктови пред евентуално да бидат префрлени во Албанија. По усвојувањето на листата „безбедни земји“, во Гјадër би можеле да се испраќаат и мигранти од Бангладеш и Египет.

Планот предвидува барањата за азил да се решаваат во рок од еден месец, а во случај на одбивање – да следи итно враќање. Поднесувањето жалба повеќе нема автоматски да го стопира процесот на депортација, освен ако судот експлицитно не одлучи спротивно.

Италијанската влада сака мерките да бидат изгласани во парламентот пред новиот Пакт за миграција на ЕУ да стапи во сила во јуни 2026 година.

 

Related posts

Зошто Александар Вулин се најде на црната листа на САД?

admin

Рокас: Европа е изградена врз слобода и демократија, Северна Македонија припаѓа во ЕУ

admin

ПУТИН ВЕЌЕ ГО ИСПЛАНИРАЛ БЕГСТВОТО ОД РУСИЈА?

ninja

ЕУ удира по руското судство: Санкции за судија и обвинителка поради репресија и злоупотреба на правдата

admin

Бајден го отвори Самитот на НАТО: Русија нема да победи, Украина ќе го спречи Путин

admin

Тројца кандидати за пратеници на изборите во С. Македонија членуваат во странска политичка партија

admin