35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Николоски: Граѓаните не треба да купуваат станови пред да се изградат, цените се напумпани

Министерот за транспорт, Александар Николоски, предупреди дека цените на становите во моментот се напумпани и им препорача на граѓаните да не купуваат станови што сè уште не се изградени.

„Се загрижувам дека се создава пазарна ‘балон’ во градежната индустрија. Сакам да упатам апел до граѓаните да не купуваат станови пред да ги видат лично и да се осигураат дека објектот веќе има издадена употребна дозвола“, рече Николоски во подкастот на Радио Лидер.

Тој посочи дека купувањето станови само врз основа на белешка во Катастарот или други формалности е ризично, бидејќи пазарот може да се урне и многу објекти да останат недовршени. „Советот е едноставен: побарајте од инвеститорот употребна дозвола и уверете се дека е регистрирана во Катастарот“, додаде министерот.

Николоски истакна дека досега не сретнал никого кој купил стан по цена од 2.500 до 3.000 евра за метар квадратен, што според него е доказ за формирање на ‘балон’ на пазарот.

Министерот додаде дека државата не може ефективно да интервенира за да го спречи пукањето на балонот, бидејќи станува збор за ограничени простори и голем притисок на одредени урбани зони, додека цените во други населби се во опаѓање.

Related posts

Швајцарскиот франк забележа брз раст овој месец

admin

Русија се повлече од Договорот за забрана на нуклеарни тестови. Еве што значи тоа

admin

Заклучоци на Советот: Проширувањето е геостратешка инвестиција во мирот

admin

Балканските камиони го парализираа ЕУ: Дали границите ќе останат затворени?

admin

Историски пресврт во Газа? Хамас прифатил план за предавање на оружјето

admin

Шпионски скандал во НАТО: Уапсена поранешна практикантка осомничена дека работела за странска држава

admin