30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

2,1 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА РЕКЛАМИ НАМЕСТО ЗА ИЗБОРИ: Ревизија откри сериозни неправилности во ДИК

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди дека околу 2,1 милион евра биле пренаменети за платено политичко рекламирање наместо за други изборни активности во 2024 година, се наведува во извештајот за ревизијата на Државната изборна комисија (ДИК).

Ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ДИК, како и за усогласеноста со законската регулатива во година кога се одржаа парламентарни и претседателски избори.

Според извештајот, 129,5 милиони денари биле пренасочени од ставки наменети за други изборни дејствија кон трошоци за платено политичко рекламирање. ДЗР наведува дека планирањето и одобрувањето на средствата не биле во согласност со Изборниот законик, кој предвидува една третина од буџетот за кампањи да оди за рекламирање, а две третини за други активности.

Наместо тоа, при планирањето биле предвидени 50% од средствата за рекламирање, додека во одобрените буџетски средства тие учествувале со 43%.

Ревизорите исто така забележуваат дека моделот за распределба на средствата за политичко рекламирање – 45% за најголемите партии на власт, 45% за најголемите опозициски партии, 7% за помалите парламентарни партии и 3% за вонпарламентарните – им дава предност на најголемите политички субјекти и ги ограничува можностите на помалите партии и независните кандидати.

Во делот за јавните набавки, ДЗР утврди дека во 2024 година биле исплатени околу 52.000 евра за стоки и услуги без спроведена постапка за јавна набавка, што е над законски дозволениот праг.

Ревизорите посочуваат и на неправилности при набавката на софтвер за сумирање и објава на изборни резултати, вреден околу 89.000 евра, вклучително и нејасно дефиниран предмет на набавката и склучување на договор пред обезбедување банкарска гаранција.

Дополнително, биле нотирани и други слабости, како несоодветен попис на средства и обврски, некомплетна документација за изборни трошоци и отсуство на назначен генерален секретар во ДИК.

ДЗР заклучува дека ваквите практики не обезбедуваат целосно почитување на принципите на транспарентност, конкуренција и ефикасно користење на јавните средства.

Related posts

Фон дер Лајен: По повеќе од една деценија, проширувањето на ЕУ повторно е реална можност

admin

Трка со време: Владата има два месеци за клучни реформи

admin

Скопје – Атина: Затишје пред бура

admin

Бугарија и Хрватска со најголемо зголемување на вработеноста во ЕУ

admin

Пендаровски не верува во големи промени во НАТО по изборите во САД

admin

ЕУ и САД пред нов трговски судир по заканата на Трамп за автомобилски царини

admin