2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Вајц со алармантна порака: Македонија ризикува да ја изгуби ЕУ шансата

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, предупреди дека земјата ризикува застој во евроинтеграциите доколку не се спроведат уставните измени и клучните реформи, јави „Еуроњуз Бугарија“.

Вајц оцени дека во изминатиот период не е забележан доволен напредок, нагласувајќи дека проблемот не се сведува само на уставните измени, туку и на целокупната реформска агенда.

„Во последната година не видовме никаков напредок, ниту реформи. Без тоа, не може да се влезе во вистински преговори“, изјави Вајц.

Тој додаде дека уставните измени остануваат услов без кој процесот на пристапување не може да продолжи.

Според него, доколку земјата не ги исполни обврските, постои ризик финансиските средства од ЕУ, вклучително и околу 47 милиони евра, да бидат пренасочени кон други земји во регионот.

Предупредувањето доаѓа во контекст на пошироките оценки од Европската комисија, според кои земјите од Западен Балкан би можеле да загубат стотици милиони евра од Планот за раст ако не ги спроведат реформите во предвидениот рок.

Вајц истакна дека клучните приоритети за напредок се владеењето на правото, борбата против корупцијата и независноста на судството, оценувајќи дека токму во овие области се потребни видливи резултати.

„Корупцијата е рак во нашите општества. Прашањето е дали институциите имаат капацитет и волја да дејствуваат“, рече тој.

Тој додаде дека Северна Македонија сè уште има можност да напредува заедно со Албанија и Црна Гора во текот на овој мандат на Европскиот парламент, но само доколку покаже сериозна политичка посветеност на реформите.

Related posts

“Не сум веќе Американец, сега сум Русин”

admin

Што е ракетата „Орешник“ што Русија ја истрела кон Украина?

admin

СДСМ удри по ЗНАМ – се заострува битката за локалните избори

admin

Шефот на МИ5: Русија е „агресор број еден“, Иран ги проширува операциите, расте домашниот екстремизам

admin

НАТО СО ОДГОВОР КОН РУСИЈА: ЌЕ ПЛАТИТЕ ВИСОКА ПОЛИТИЧКА И ЕКОНОМСКА ЦЕНА

admin

Трамп го напушта самитот на Г7 поради кризата на Блискиот Исток

admin