26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Груевски пред екстрадиција? СДСМ тврди дека документите стојат во фиока

СДСМ го обвини министерот за правда Игор Филков дека ги држи „во фиока“ документите за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во Унгарија со политички азил.

Од партијата прашуваат зошто, ако Основниот кривичен суд Скопје ја доставил документацијата, таа сè уште не е испратена до унгарските институции.

„Сега тие документи се во Министерството за правда, а министерот од ЗНАМ, дел од тендер-коалицијата на Мицкоски, не ги испраќа во Унгарија“, велат од СДСМ.

Според претходни информации, Министерството за правда побарало од Кривичниот суд да ги достави сите промени што би можеле да влијаат врз постапката за екстрадиција, а судот ги доставил потребните одговори.

Министерот Филков претходно изјави дека се чека формирањето на новата влада во Унгарија, по што тамошните институции би биле известени дека Македонија е заинтересирана за случајот со Груевски.

СДСМ тврди дека нема причина да се чека нова влада и дека институциите треба веднаш да постапат.

„Мицкоски и неговата влада свесно го штитат Груевски и му даваат време да побегне во трета држава“, наведуваат од партијата.

Прашањето за екстрадиција повторно се актуализираше по изборите во Унгарија, каде Петер Маѓар, кој се очекува да стане нов премиер, најави дека Унгарија нема да биде „депонија за странски криминалци“ и ја спомена можноста за екстрадиција на Груевски.

Сепак, правни експерти предупредуваат дека азилот не може да се укине преку ноќ. Додека Груевски има статус на азилант, неговата екстрадиција не може веднаш да се реализира.

Ако се врати во земјата, Груевски треба да издржи затворска казна од десет и пол години за предметите „Насилство во Центар“ и „Плацеви на Водно“.

Related posts

Од диплома до невработеност: Зошто образованието не го следи пазарот?

admin

Премиерот од Разловечкото востание: Борбата за Македонија продолжува

admin

Последна вест: Рамиз Мерко на “црната листа” на САД

admin

Политички тензии и дезинформации пред влезот на Бугарија во еврозоната

admin

Крв, чад и пепел: Британец чудесно преживува пад на авион со над 200 мртви

admin

Внатрешна контрола утврди пропусти кај 39 полицајци во случајот со смртта на скопјанка и нејзината ќерка

admin