29.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

СДСМ: ЗНАМ остана само „празна школка“ на ВМРО-ДПМНЕ

Опозицискиот СДСМ соопшти дека партијата ЗНАМ „се распаѓа на сите нивоа“, откако, според нив, уште еден функционер ја напуштил владејачката коалиција.

Реакцијата следува по информацијата дека советничката Мирјана Стеваноска од ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп го напуштила мнозинството, само неколку дена по истапувањето на пратеникот Миле Цеков.

„Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија тврдат дека ЗНАМ ги изневерила сопствените избирачи со влегувањето во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која ја нарекуваат „тендер коалиција“.

СДСМ се повика и на претходни изјави на пратеникот Цеков, кој, според нив, признал дека партијата не ги исполнила предизборните ветувања.

„Сега тоа го гледаат и останатите членови“, велат од партијата.

Во соопштението се упатува и порака до членови на ЗНАМ кои, според СДСМ, не се водат од личен интерес.

„Не останувајте како соучесници и соработници во најголемото предавство на земјата“, порачаа од СДСМ.

Партијата оцени дека ЗНАМ повеќе „не постои во истражувањата“ и останала „само статистичка грешка“.

Засега нема официјална реакција од ЗНАМ во однос на обвинувањата на СДСМ и заминувањето на советничката од Прилеп.

Политичките тензии меѓу власта и опозицијата се засилуваат во пресрет на можни предвремени избори, кои деновиве повторно беа тема во јавноста по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.

Related posts

Кирил Петков е оптимист за брзо надминување на спорот

ninja

(Не)разрешувањето на Беса Адеми – нов испит за Судскиот совет

admin

Кастинг без тефтер, автономен буџет и мониторинг

admin

Ристовски: Предложивме да се откаже Олимпијадата или да се сведе на 1.000 учесници, но бевме одбиени

admin

Ковачевски алармира за последиците ако не се случат уставните измени

admin

Нафтата отиде над 118 долари – економијата пред колапс

admin