6.8 C
Скопје
27 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Подземен тунел до „8 Септември“: Планот за најголемиот здравствен проект во Скопје

Владата преговара со сопственикот на земјиштето кај базенот „Борис Трајковски“ во скопската општина Карпош за обезбедување на локацијата на која треба да се гради новиот клинички центар, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, државата разгледува можност за размена на земјиште со цел да ја преземе парцелата, по што преку посебен закон би се променила нејзината намена за изградба на здравствен комплекс.

„Преговараме дали може да се најде замена, државата да ја добие таа парцела, а потоа со специјален закон да се смени намената“, изјави Мицкоски.

Премиерот рече дека Владата останува на ставот новиот клинички центар да се гради во близина на СЦ „Борис Трајковски“, со подземно поврзување со Градската општа болница „8 Септември“, ПЕТ-центарот и поликлиниката „Букурешт“.

Според него, локацијата има значајни предности, вклучувајќи добра сообраќајна инфраструктура, близина до обиколницата и можност за приклучување на гасоводната мрежа.

„Амбицијата е да создадеме модерен здравствен комплекс кој ќе обезбеди подобри услови за пациентите и медицинскиот персонал“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека идниот клинички центар треба да биде современа здравствена установа со капацитет да привлекува пациенти не само од Северна Македонија, туку и од соседните земји.

Владата очекува изградбата да започне во текот на следната година, доколку успешно завршат разговорите за земјиштето и се обезбедат потребните законски и административни предуслови.

Проектот за нов клинички центар во Скопје повеќе од една деценија е предмет на политички дебати и промени на концепти, а актуелната влада го позиционира како еден од клучните инфраструктурни проекти во здравството.

Related posts

Груевски: Зоран Заев стои зад мојот прогон, му помага Христијан Мицкоски

admin

Универзитетите и пазарот на трудот: Дали високото образование успева да одговори на новите потреби на економијата?

admin

Маричиќ-Вархеји: Северна Македонија има место во ЕУ, сега е момент за забрзување на пристапниот процес

admin

Руското влијание на локалните избори ограничено, но подготвува база за идни парламентарни избори

admin

Ахмети до Македонците: Албанците се за унитарна и еднаква држава, заедно за европска иднина

admin

Забраната за влез на архимандрит – порака со повеќе значења

admin