10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Граѓаните не живеат од приказни“ – Филипче и ВМРО-ДПМНЕ во нова пресметка за економијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини Владата дека создава нереална слика за економската состојба во државата, оценувајќи дека животниот стандард на граѓаните е најдобриот показател за вистинската состојба.

На прес-конференција, Филипче изјави дека тврдењата оти Македонија е меѓу најуспешните европски економии не одговараат на реалноста.

„Празните фрижидери и празните паричници се најдобриот демант за приказните дека овде тече мед и млеко“, рече тој.

Според него, земјата се соочува со пад на странските инвестиции, намалување на индустриското производство, стагнација на просечната и минималната плата, како и на примањата во здравството, образованието и социјалната сфера.

Филипче предупреди дека претстојната есен може да донесе дополнителен ценовен притисок поради неизвесноста околу цената на електричната енергија и оцени дека предложениот ребаланс на Буџетот нема да придонесе за подобрување на животниот стандард.

Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека прес-конференцијата на лидерот на СДСМ е доказ за, како што наведоа, „конфузијата и хаосот“ во опозициската партија.

Од владејачката партија го обвинија Филипче за контрадикторни ставови, посочувајќи дека истовремено се залага за побрза интеграција во Европската Унија, а го блокира носењето на новиот Изборен законик, кој, според нив, е дел од реформските обврски кон ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека СДСМ нема визија и конкретен план, туку настапува од позиција на страв од нов изборен пораз.

Related posts

Албански медиуми: Курти ги продлабочува поделбите на албанскиот фактор во С.Македонија

admin

Две илјади работници досега сакаат работа преку Отворен Балкан

admin

Хаос во Лос Анџелес: Трамп ја прати Националната гарда – Њусом му објави војна!

admin

Владо Тренески за бугарски ФАКТИ: Мицкоски е во паника и очај

admin

АГЕЛЕР ЗА „ЦРНАТА ЛИСТА“: СТОЈАМ ЗАД ТОА ШТО ГО КАЖАВ, НО ИНФОРМАЦИЈАТА ЌЕ ДОЈДЕ ОД ВАШИНГТОН

ninja

Иван Виденовиќ: Вучиќ е наследник на Милошевиќ, потребна е промена на српската политичка парадигма

admin