2.8 C
Скопје
24 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нема повеќе бегање од казни: „Безбеден град“ ќе ги лови и странските возачи

Системот за автоматско евидентирање на сообраќајни прекршоци „Безбеден град“ наскоро ќе почне да доставува казни и до возачите на возила со странски регистарски таблички, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тошковски ја соопшти најавата за време на промоцијата на кампањата „Вози одморен“ на граничниот премин Табановце, каде присуствуваше заедно со српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

„Системот ‘Безбеден град’ функционира и ќе се однесува на сите, без разлика дали возилото е со македонски или со странски регистарски таблички. Наскоро ќе бидете сведоци на целосна имплементација на вториот чекор, кој се однесува на достава на казните за оние кои управуваат странски возила. Ако во 21 век не најдеме начин за достава на овие казни, тогаш имаме проблем самите со себе“, рече Тошковски.

Според него, прекуграничната достава на казни претставува сложен административен и технички процес, но Министерството за внатрешни работи веќе подготвило механизам што треба да овозможи негова практична примена.

Министерот упати апел до странските државјани и до иселениците кои транзитираат низ Северна Македонија, особено по Коридорите 8 и 10, да ги почитуваат сообраќајните правила.

Системот „Безбеден град“, кој официјално почна со работа на 1 февруари годинава, преку мрежа од камери автоматски регистрира сообраќајни прекршоци на патиштата низ државата.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, заклучно со 22 јуни биле евидентирани повеќе од 120.000 сообраќајни прекршоци.

Од МВР очекуваат дека проширувањето на системот и на возилата со странски регистарски таблички ќе придонесе за поголема дисциплина во сообраќајот и порамноправна примена на законите за сите учесници во сообраќајот, без оглед на нивната државјанска припадност.

Related posts

По случајот „Марковски“ во фокусот и имотниот лист на судијата Вулнет Винца

admin

АфД стигна до 43,8%: Париз и Варшава алармираат

admin

Хуманитарна кампања за малата Есила: Потребна итна помош за лекување

admin

ПО ИЗБОРОТ НА АБАЗИ, ТУПАНЧЕСКИ ВЕЛИ „СТОИ ПРАШАЊЕТО“ ЗА ГЕНЕРАЛЕН РЕИЗБОР ВО ПРАВОСУДСТВОТО

ninja

Што е ракетата „Орешник“ што Русија ја истрела кон Украина?

admin

ЕУ-интеграција: Малку напред кон 2030, малку назад кон 2018

admin