19.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ганиу: Името на улицата „Адем Демачи“ не може да се смени

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу изјави дека името на улицата „Адем Демчи“ во оваа општина во Скопје, на чиешто свечено отворање учествуваше и премиерот Албин Курти, не може да се смени, пренесува Инбокс7.

Според него, новите имиња на некои улици се решени во соработка со општинските советници.

„Кога ги почнавме сите овие имиња, 65 само во Чаир за промена и поставивме национални личности кои се одразуваат во нашата понова и најдревна историја, така што ова започна во соработка со нашите општински советници, со советниците на ВМРО кои беа на власт, како иницијатива потоа се финализираше меѓу нашите советници и советниците на СДСМ, откако на власт дојде друг претседавач на СДСМ“, рекол Ганиу за приштинска Коха.

Зборувајќи за иницијативата на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, за промена на името на улицата „Адем Демачи“ и враќање на старото име „Втора македонска бригада“, Ганиу истакна дека не може да замисли дека советниците Албанци можат да го подржат тоа.

„Таа има право да преземе иницијатива, но дали може да ја постигне својата цел, ви гарантирам дека не може да ја постигне целта. Бидејќи за преименување на улиците потребно е мнозинство советници, за да се создаде мнозинство мора да гласаат сите советници Албанци за промена на името на Адем Демачи, што такво нешто не може ни да се замисли, ниту теоретски можам да предвидам дека тоа може да се случи од советниците Албанци“, рече Ганиу.

Related posts

Осуден разбојник бил ослободен од затворски полицаец во Идризово

admin

На тест ЕУ-интегративниот, ама и демократскиот капацитет

admin

Словачка меѓу Русија и Западот

admin

Само 52% од компаниите имаат веб-страница, а над 94% користат компјутер!

admin

Експерти од САД по изборите во Северна Македонија: Власт, значи одговорност и почитување на меѓународните договори

admin

Српската полиција го спречи косовскиот вицепремиер да влезе во Белград

ninja