7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Уапсен Илир Мета, бившиот претседател на Албанија

По наредба на Специјалното обвинителство СПАК, денес во Албанија е приведен лидерот на опозициската Партија на слободата и бивш претседател на државата, Илир Мета. 

Се дознава во моментот на извршување на наредбата на СПАК се наоѓал во близина на трговскиот центар „Каса Италија“ во Тирана.

Засега нема известување од функционер од СПАК за официјалното обвинение.

Претседателот на Демократската партија во опозиција, Сали Бериша, реагираше дека ова што се случува е политички прогон против претседателот на Партијата на слободата, додавајќи дека неговото апсење е направено по наредба на премиерот Еди Рама.

„Сѐ против него е политички. Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Немаат објавено ниту еден факт, ниту еден документ, туку ги спроведуваат наредбите на Еди Рама, кој се обидува на сите начини да го елиминира политички, а можеби и физички, Илир Мета. Еди Рама е, како што јас претходно го пријавив, вмешан во исчезнување на луѓе на вонправен, неконституционален начин. Јас ве известив тука, дека Думани седи врз една папка во која се разговара за елиминација на политичар близок до Еди Рама. Разбирате ли дали би се осмелиле државните банди да елиминираат политичар близок до Еди Рама, без наредба од Еди Рама? Значи, Еди Рама е еден со криминалот,“ рече тој.

Мета (55), кој беше претседател на Албанија до 24 јули 2022 година, во СПАК беше и во февруари минатата година, за да даде исказ по повеќето поднесени пријави против него, меѓу кои за перење пари и прикривање на сопственоста на зградата на партијата Движење за социјалистичка интеграција, сега Партија на слободата.

СПАК против него почна кривична постапка за лобирање во САД со 670 илјади американски долари непријавени пари на Илир Мета и неговата сопруга Моника Круемади, потоа за извршени естетски услуги, од страна на двајцата, во клиника во Сан Марино и Австрија, со непријавени пари.

Мета и Круемади, која е пратеничка од Партијата на слободата, во текот на јуни месец беа на распит во СПАК во рамки на истрагата што се води за имотната истрага за неа и нејзината мајка и брат.

По напуштањето на СПАК, Круемади рече дека била прашана за проверките што се вршат за некои кривични дела како непријавување имот, прикривање или перење пари, врз основа на „лажната тужба што ја поднесе Ерион Велиај, градоначалник на Тирана“.

Related posts

Огромен безбедносен пропуст: Новинар случајно доби тајни детали за нападите врз Хутите

admin

БОРИС ЏОНСОН: ПУТИН ЛИЧНО МИ СЕ ЗАКАНИ

ninja

Личните документи со кодот МКД не се погрешни, НМК кратенката е за возилата

admin

Руски ракети го погодија симболот на Украина: Катедрала стара речиси 1.000 години во пламен

admin

Европол алармира: Балканските криминални мрежи станаа дел од глобална империја вредна милијарди евра

admin

ПАЦИЕНТИТЕ И ПРАВДАТА-КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА ПАРТИСКИТЕ БИТКИ ВО СОБРАНИЕТО

ninja