14.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Реконструкција на владата: Рокади, нови имиња…

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави во понеделникот дека разговорите за распределбата на ресорите во Владата продолжуваат во рамките на коалицијата, но главниот фокус на партијата во моментов е организирањето на партискиот конгрес.

„Ние во овој момент сме фокусирани на организирање на партискиот конгрес кој треба да се одржи на 6 декември во Кавадарци,“ рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при поставувањето камен-темелник за нова детска градинка во Општина Гази Баба.

Во врска со изборот на Народен правобранител, премиерот додаде дека очекува процесот да продолжи наскоро, откако завршија локалните избори.

Преговорите за реконструкција на Владата се во почетна фаза, потврди и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски, кој рече дека премиерот го информирал Извршниот комитет на партијата за тековните разговори и доставените барања од коалициските партнери.

Мицкоски потврди дека по локалните избори ќе има нови лица на позицијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, откако Изет Меџити стана градоначалник на Чаир. За местото на прв вицепремиер коалицијата ВЛЕН го предлага Беким Сали, додека министерската позиција во животна средина и просторно планирање се очекува да биде предложена друг кандидат.

Related posts

Европа се соочува со енергетски удар што може да ја турне економијата во нова криза

admin

Само 11 часа по кандидатурата – полиција на врата на Билјана Ивановска

admin

Колку провизии ви земаат бснките? Сега може да проверите онлајн

admin

Лимани најавува “расчистување на маглата” во Кичево

admin

ВЛЕН го обвини Османи за дволичност околу забраната за влез во Албанија на Халими и Бела

admin

Историски железнички договор за поврзување на Скопје и Софија

admin