27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Артан Груби во куќен притвор поради безбедносни ризици

Основното јавно обвинителство Скопје предложи поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор наместо во истражен затвор, повикувајќи се на тоа дека најголем дел од доказите се веќе обезбедени и дека постојат индиции оти во притвор не може да му се гарантира личната безбедност.

Обвинителството соопшти дека побарало замена на мерката притвор со куќен притвор и одземање на патната исправа, имајќи предвид дека второосомничениот доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност за соработка.

„Постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, поткрепени со известувања од надлежните органи. Индициите за загрозена безбедност се однесуваат и на членови на неговото семејство“, се наведува во соопштението.

Груби во понеделникот помина речиси шест часа во просториите на обвинителството, а потоа беше спроведен во Основниот кривичен суд Скопје, каде се очекува одлука од судија на претходна постапка.

Од обвинителството појаснија дека тој на сопствено барање, преку адвокат, извршил увид во доказниот материјал. Поради обемноста на предметот, увидот ќе продолжи во наредните денови, по што ќе му биде овозможено да даде одбрана.

Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека Груби во 6:10 часот се појавил на граничниот премин „Блаце“ при влез во земјата од Косово, по што бил приведен. Тој првично беше однесен во затворот „Скопје“ во населбата Шуто Оризари, познат како Шутка, а потоа спроведен на распит во обвинителството.

Груби е второосомничен во истрагата за наводни проневери во државната компанија Државна лотарија, во која се опфатени уште пет лица. Првоосомничен е поранешниот директор Перпарим Бајрами, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот.

Груби ја напушти земјата пред отворањето на официјалната истрага. Тој претходно изјави дека не избегал, туку дека престојувал во Косово во приватна посета и дека планирал да се врати по завршување на обврските.

Related posts

Доналд Трамп: Зошто Европа не дава повеќе пари за да и помогне на Украина?

admin

Грчката амбасада реагира поради употребата на „Македонија“ од Меланија Трамп

admin

Намалени акцизи, укинат данок и субвенции – Владата со пакет мерки за справување со кризата

ninja

Министерот Алиу препорача скопјани да избегнуваат излегување поради чадот од „Дрисла“

admin

Кина го фаќа чекорот со САД: Бесплатен модел ја вознемири Силиконската долина

admin

Техничката влада пред породилни болки

admin