22.5 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Донација на органи спаси два животи: Трансплантирани црн дроб и бубрег кај пациенти во Скопје

Две успешни трансплантации – на црн дроб и бубрег – се извршени во земјава, откако едно семејство донело одлука за донација на органи во момент на лична загуба, соопшти Министерството за здравство.

Црн дроб е трансплантиран кај 67-годишен пациент, со што му е спасен животот, додека 51-годишна пациентка добила нова шанса за поквалитетен живот по трансплантација на бубрег. Двајцата пациенти се во стабилна состојба и се пуштени на домашно лекување.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека станува збор за пример на исклучителна хуманост и солидарност.

„Нема поголем чин од тоа во момент на болка да подарите живот. Одлуката на ова семејство ќе продолжи да живее преку оние на кои им е дадена нова шанса,“ рече Алиу.

Националната координаторка за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, истакна дека без согласноста на семејството ваквите интервенции не би биле можни.

„Секоја трансплантација носи човечка приказна. Ова е приказна за храброст и дарување живот – највисок облик на солидарност,“ рече таа.

Од Министерството изразија благодарност и до медицинските тимови од повеќе клиники и институции кои учествувале во постапките, нагласувајќи дека трансплантациите се резултат на координирана и посветена работа на здравствениот систем.

Related posts

Вучиќ продолжува консултации со партии за избори, ЕУ и безбедност

admin

Коридор 8: Скопје бара со Софија заедничко пробивање тунел

admin

Извештај на ЕБОР: Конфликтот во Блискиот Исток ги погодува силно економиите на регионот

admin

Путин го започнува својот петти претседателски мандат, со поголема контрола врз Русија од кога било

admin

Рокас: Македонија доцни со реформите во правосудството, ЕУ внимателно го следи процесот

admin

Вилдерс објави повлекување од владината коалиција, Холандија пред нови избори

admin