29.8 C
Скопје
23 септември, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Дали е голема неправда работниците со 200 евра, а функсионерите со 2000 евра плата?

Владата се фали со зголемувањето на просечната плата, но голем број вработени во јавниот сектор и натаму се на ниво на минималец. Додека платите на функционерите се зголемија за 78 отсто, просветните работници со мал фонд на часови земаат 12.000 денари месечно. Синдикатите велат дека пресметките на платите за функционерите се прави со коефициент, а за работниците со бодови, јавува РСЕ, пренесува Инбокс7.

Иако просечната нето плата во март годинава е зголемена и изнесува 34.925 денари, според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), синдикатите реагираат дека над 90 проценти од вработените во администрацијата сè уште заемаат пониски плати, кои во просек се помалку од 23.000 денари. Додека примањата на илјадници работници се на ниво на минималната плата, во меѓувреме платите на функционерите пораснаа за 78 проценти, што е скоро двојно повеќе.

Но Владата се фали дека зголемувањето на просечната плата е поради нејзините „предвидливи и конзистентни“ политики кои овозможиле константно зголемување на животниот стандард. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи рече дека просечната нето плата во март се доближила до индексот на трошоците за живот, односно инфлацијата.

„Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што неодминливо ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, а тоа е основниот двигател на растот на платите кои се повеќе и повеќе ќе растат“, изјави Битиќи на 23 мај.

Инфлацијата во Македонија е скоро 20 отсто, додека потрошувачката кошничка изнесува нешто под 50.000 денари. Официјалните податоци покажуваат дека семејство со една просечна и една минимална плата нема доволно пари да ја наполни потрошувачката кошничка.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Related posts

СРБИТЕ ВО СЕВЕРНО КОСОВО ГИ НАПУШТААТ БАРИКАДИТЕ

ninja

„Брза лента“ за законските измени за коридорите 8 и 10д

ninja

Вештачката интелигенција станува национална опасност, може да служи како алатка за терористите

admin

Путин спремен да користи и нуклеарно оружје: Африканската иницијатива не донесе мир во Украина

admin

Се исклучиле, самоисклучиле или се дел од ДУИ? Ахмети вели дека патиштата со “огнените” се разделени

admin

Намалени акцизи, укинат данок и субвенции – Владата со пакет мерки за справување со кризата

ninja