8.8 C
Скопје
4 октомври, 2023
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Маричиќ: Манифестот за ЕУ – доказ за нашата посветеност за евроинтеграциите

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ, смета дека Манифестот за ЕУ е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината на државата и граѓаните, пренесува Инбокс7.

„Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по патот на целосно трансформирање на македонското општество“, пишува на Фејсбук профил на вицепремиерот.

Маричиќ овој момент го гледа како историски за евроинтеграцијата на Северна Македонија и смета дека процесите добиваат на успех и вредност ако ги валоризираме во вистинско време.

„Сега не е време за политички надмудрувања и изговори. Убеден сум дека ќе сведочиме за нов брз напредок кон ЕУ и успех во постигнувањето на врвните стратешки приоритети и национални интереси“, вели Маричиќ.

Во објавата Маричиќ вели дека „овој Манифест не само што ја претставува политичката заложба за ЕУ, туку е и потврда за нашата национална решителност да изградиме подобра, обединета и светла иднина за Северна Македонија“. За него сега е најважно сите да застанат на иста страна  и со посветеност и единство да продолжат преговорите со ЕУ, оставајќи ги настрана политичките разлики да демонстрираат искрена намера за членство во ЕУ.

„Водени од заедничката визија што ги надминува партиските граници, поединци, пратеници, сите политички партии да ја потврдат искрената намера за ЕУ и да работиме неуморно за исполнување на аспирациите на нашиот народ и за обезбедување на нашето место во Европската Унија“, порачува Маричиќ.

Related posts

KРИЗА НА ЛИДЕРСТВО, ВИЗИЈА, МОРАЛ ИЛИ НА СЀ ЗАЕДНО?

ninja

ДЕЦАТА НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ – ТРН ВО ОКО ЗА ЈАВНОСТА

ninja

Над 8 илјади слободни работни места, се бараат и државни функционери, дипломати, директори…

admin

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

Таравари до министерот Шаќири: Запри ја партизацијата на Тетовскиот универзитет

admin

ПАРТИЗАЦИЈАТА И НЕПОТИЗМОТ ГИ БРКААТ ЛЕКАРИТЕ ОД ЗЕМЈАВА

ninja