35.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАСВЕТ

Ја памтите ли германска марка?

Еврото влезе во нашите животи пред 22 години, но милијарди германски марки сè уште се – некаде. Годинава беа разменети 53 милиони германски марки, дел проследени со бизарни приказни, јавува Дојче веле.

Набргу по почетокот на сега веќе старата 2023 година еден човек дошол во филијала на Бундесбанката и се претставил како член на локално здружение за заштита на животни. Рекол дека здружението добило неочекувана божиќна донација од 24.900 марки во апоени од 100 марки. Откако било разјаснето потеклото на пожолтените банкноти и несомнено докажана нивната автентичност, Бундесбанката на здружението за заштита на животните му ја префрлила противвредноста од речиси 13 илјади евра.

„Мое малечко глувче, само сакав да ти кажам колку ми недостигаш. Твојата љубена, 14.06.1996 година, 23:20 часот“ – така стои на една банкнота од пет марки која годинава си го најде патот до Централната банка и беше уништена како и сите други стари германски марки.

Кавгите меѓу партнерите често ги предизвикуваат ситници, но ретко се случува да мора да интервенира Бундесбанката. Имено, фактот дека нејзиниот сопруг – без нејзина согласност – испратил 20,78 германски марки во банката за да ги смени во евра толку ја разлутил сопругата што сопругот побрзал во филијалата на банката во Мајнц, пред таму да пристигнат монетите и побарал да му ги вратат ситните парички.

„За среќа, нашите колеги од филијалата во Мајнц ја препознаа неговата пратка и ја вратија по пошта. Се надеваме дека успеавме малку да ја смириме ситуацијата“, изјави членот на Управниот одбор на Бундесбанката, Буркхард Балц, во интервју за германската новинска агенција ДПА во Франкфурт

Related posts

Поставувањето на Џек Смит вклучува важна “грутка” за заговорот на Трамп

admin

Технологијата од ковид-вакцините влегува во борбата против ракот: голем тест донесе охрабрувачки резултати

admin

Калас: Американско-руските разговори може да го зголемат притисокот врз Украина за отстапки

admin

Дали воздухот е безбеден по пожарот во Трубарево? Властите ги смируваат жителите

admin

САД привремено ги олеснуваат санкциите за иранската нафта во обид да ги стабилизираат цените

admin

Реформи во здравството: Фокус на превенцијата по слабите резултати во скрининг програмите

admin