31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Опозицијата обвинува за политички прогон, бара распит на Мицкоски

Опозициската СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за злоупотреба на службената должност и политички притисок врз опозицијата.

Генералниот секретар на партијата, Александар Димитријевиќ, изјави дека пријавата е поднесена до Јавното обвинителство поради, како што рече, сериозни индиции дека премиерот најавува и иницира политички прогон.

Според него, изјавите на Мицкоски дека има „чувство“ оти поранешни функционери ќе бидат предмет на истраги претставуваат директен притисок врз правосудниот систем.

„Премиерот се поставува како обвинител и судија, најавувајќи процеси против опозицијата и таргетирајќи конкретни лица“, изјави Димитријевиќ.

СДСМ тврди дека со ваквите изјави се нарушува уставниот поредок и се создава клима на страв, при што институциите се користат како средство за политичка одмазда.

Партијата наведе дека пријавата се однесува на повеќе кривични дела, вклучително злоупотреба на службена должност, повреда на рамноправноста на граѓаните и загрозување на сигурноста.

Од СДСМ побараа обвинителството итно да постапи и да го повика премиерот на распит, со цел, како што наведоа, да се спречи понатамошно нарушување на правниот систем.

„Очекуваме институциите да покажат независност и да докажат дека никој не е над законите“, рече Димитријевиќ.

 

 

Related posts

Што сè може да влезе во истрагата за Државна лотарија?

admin

Денес се очекува да биде лансирана социјалната мрежа на Трамп, објави Ројтерс

ninja

ЛОГА ГИ ПОДГОТВУВА ХАШКИТЕ ЌЕЛИИ ЗА ГРУЕВСКИ

ninja

Познати сите групи за Мундијалот 2026 – еве кој против кого ќе игра

admin

СДСМ нема да го поддржи законот за „Безбеден град“, бара јасни правила за заштита на личните податоци

admin

Аларм од ЕЦБ: Кина ја турка Европа кон економска маргина

admin