9.8 C
Скопје
4 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Универзитет без граници или без иднина? Реформите што доцнат

Дали високото образование создава знаење и можности или само дипломи?

Повеќе од две децении по приклучувањето на Северна Македонија кон Болоњскиот процес, клучните реформи во високото образование сè уште се недовршени.

Документарецот „Универзитет без граници или без иднина? Реформите што доцнат“ го истражува јазот меѓу универзитетите и пазарот на трудот, ограничената мобилност на студентите и професорите, бирократските пречки при признавањето на дипломите, квалитетот на образованието и иселувањето на младите.

Поранешни министри, ректори и експерти од академската заедница одговараат на клучното прашање: има ли Северна Македонија образовен систем што може да ги задржи талентите и да ги подготви младите за европскиот пазар на труд?

Погледнете го документарецот и дознајте зошто прашањето повеќе не е дали се потребни реформи, туку колку време државата има за да ги спроведе.

Документарецот е изработен во рамките на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Related posts

СПАК во потрага по уште еден член од кабинетот на Рама

admin

Што е најзначајно во воениот извештај на Пентагон за Кина?

admin

Курти ја префрли вината на Тирана: Заедничката седница ја откажа Албанија

admin

Зошто младите во С.Македонија се склони кон корупција?

admin

Меџити со оштри критики кон ДУИ: Се откажаа и од Албанците

admin

САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија по судирот меѓу Трамп и Мерц околу Иран

admin