16.8 C
Скопје
16 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Нова офанзива на ДУИ: Од Касами и Меџити бараат да кажат кога ќе ја напуштат Владата

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ги повика лидерите на ВЛЕН, Билал Касами и Изет Меџити, јавно да се изјаснат дали остануваат во Владата и покрај, како што наведува партијата, признанието на координаторот на ВЛЕН, Беким Ќоку, дека нивната позиција во извршната власт е „ужасно слаба“.

Во партиското соопштение ДУИ оценува дека таквата изјава претставува „јавно признание за политички неуспех“ и поставува прашање зошто претставниците на ВЛЕН продолжуваат да бидат дел од Владата ако сметаат дека немаат доволно влијание.

ДУИ ги обвинува владините партнери од албанскиот блок дека молчат за, како што наведува, деградацијата на употребата на албанскиот јазик, намалувањето на застапеноста на Албанците на раководни позиции и нарушувањето на принципот на правична и соодветна застапеност.

Партијата прашува дали Касами и Меџити имаат „црвени линии“ поради кои би ја напуштиле Владата или, како што наведува, единствената црвена линија им се функциите што ги извршуваат.

„Не може истовремено да бидете дел од власта и да се претставувате како нејзина жртва. Ако не можете да влијаете врз одлуките и да ги заштитите интересите на Албанците, тогаш заминете од Владата“, се наведува во соопштението.

Со ова ДУИ ја продолжува политичката конфронтација со ВЛЕН околу легитимитетот на албанското претставување во Владата, која се интензивира по неодамнешната реконструкција на владата и промените во парламентарното мнозинство.

Related posts

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разменуваат обвинувања за коалиции и ставови околу францускиот предлог

admin

Британскиот амбасадор порача: Негувајте го вашиот јазик и вашата култура/ВИДЕО

ninja

Орбан: Унгарија ќе најде начин да ги заобиколи американските санкции против руската нафта

admin

“Свети Стефан” повторно се отвора по пет години

admin

МНР: Македонија изразува солидарност со ОАЕ по нападите од Иран

admin

Со 6 гласа на 10-тиот обид Костадиновски избран за претседател на Уставен суд

admin