16.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНА

И со гаранции, 60% од Македонците се против уставни измени, мнозинството Албанци се за

Етничките Македонци и Албанци со тотално различни ставови за уставните измени: 57,9% етнички Македонци се против промена на Уставот дури и во ситуација кога би добиле дополнителни гаранции додека 21,9% велат дека во таков случај би дале поддршка за уставни измени. Кај Албанците 78,5% даваат поддршка за уставни измени додека само 7,7% се против, покажува Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот  од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

Според анкетата, 56,1% од граѓаните се сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се  внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ. Само 27,5% од  анкетираните даваат поддршка за уставни измени.

Најголем дел од тие кои што поддржуваат уставни измени се етнички Албанци. Дури 79,3% од  етничките Албанци даваат поддршка на внесувањето на Бугарите во Уставот додека дури 72,4%  од Македонците се против. Поддршка на уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот  дава само еден од десет Македонци или 11,2% од анкетираните. Сосема различните ставови на  Македонците и етничките Албанци ги комплетира податокот дека само 8,8% од етничките  Албанци се против уставни измени.

Анкетата покажува дека 75,4% од анкетираните рекле дека знаат во што се состојат уставните  измени наспроти само 17,3% кои рекле дека немаат информации.

60,8% од анкетираните се на ставот дека уставните измени ќе имаат негативни последици за  земјава додека 19,1% не очекуваат негативни последици.

Додека 71% од Македонците сметаат дека уставните измени ми имале негативни последици за  земјата, таков став делат само 31% од Албанците кои во мнозинство од 42% сметаат дека нема да  има негативни последици. Ваков став делат само 11,2% Македонци.

 

Related posts

Намалени акцизи, укинат данок и субвенции – Владата со пакет мерки за справување со кризата

ninja

На 13 август Меџити ќе ја промовира новата партија, во најава за формирање уште 2 нови субјекти

admin

АА: ВЛАСТА ЛАЖЕ! НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА, ИМА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

ninja

Кога лекувањето зависи од одлуките на политичарите: Државата ниту има услови, ниту ја плаќа рехабилитацијата во странство

admin

ИНФОГРАФИК | Колку европејци живеат под кирија?

admin

Ковачевски – Шолц: Германија ја очекува Северна Македонија во ЕУ

admin