15.8 C
Скопје
12 јули, 2025
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Бугарски медиуми: На форумот во Прага, српскиот лидер Вучиќ ја крена антибугарската хистерија во Скопје

Српскиот претседател Александар Вучиќ го искористи меѓународниот форум „GLOBSEC2024“ во Прага за да ги повтори антибугарските лаги на режимот на Христијан Мицкоски во Република Северна Македонија, јави Фактор.бг.

Во дебатата „Пристапување на Западен Балкан во ЕУ“, откако изрази сомневање дека земјите од регионот ќе станат дел од Европската унија пред 2030 година, Вучиќ даде предлог во однос на Бугарија:

„Верувам дека Србија, Албанија, Црна Гора и се надевам дека ако Бугарите дозволат (Северна – б.р.) Македонија да се приклучи, се надевам дека и тие ќе се приклучат, но тоа ќе се случи откако Украина ќе стане дел од блокот. Тоа е она што јас верувам , ќе видиме дали сум во право или не“, изјави Вучиќ.

Ова негова изјава македонската државна агенција ја пренесе под наслов „Вучиќ: Ако Бугарите дозволат, верувам дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, но не пред 2030 година, исто како нас“.

Српскиот претседател со оваа изјава ја повторува антибугарската кампања и хистерија на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, кој зборува за „бугарски диктат“ и „бугарска блокада“ на РСМ на патот кон ЕУ, забележува БГНЕС.

Почетокот на претпристапните преговори на РСМ за членство во ЕУ е целосно зависен од спроведувањето на неопходните реформи во многу сектори и од таканаречениот „француски предлог“, кој е одобрен од сите земји-членки на ЕУ.

Related posts

Репортажа на Си-Ен-Ен: Градината која стана тајно седиште на моќта на Кина

admin

Цензусот ќе пресуди кој ќе дава мандат за нова влада

admin

Харис пред Трамп со 46% спрема 43%, покажа нова анкета на Ројтерс/Ипсос

admin

Предметот за трагичниот пожар во „Пулс“ префрлен во скопскиот Кривичен суд

admin

Се намалува бројот на хоспитализирани по пожарот во Кочани, критичните пациенти во стабилна состојба

admin

СДСМ удри по ЗНАМ – се заострува битката за локалните избори

admin