26.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

„Максо има фирма во Бугарија?“ – нови обвинувања кон лидерот на ЗНАМ

Нови политички обвинувања беа упатени кон лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, откако на социјалните мрежи беа објавени тврдења дека е сопственик на фирма регистрирана во Бугарија.

Според објавата, компанијата „МБС ГЛОБАЛ“ била регистрирана во Бургас на 7 август 2015 година и се занимавала со трговија на големо со непрехранбени производи.

Во објавата се тврди и дека сопругите на Димитриевски и Серафимовски имаат заедничка компанија во Македонија, „АЈФИКС ДОО“ од Доброшане, Куманово.

Авторот на објавата упатува серија обвинувања кон Димитриевски, прашувајќи колку фирми поседува во Бугарија и Македонија, како и дали преку блиски лица и кумови биле префрлани пари и местени тендери.

Во текстот се обвинува и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како и премиерот Христијан Мицкоски, за наводна поврзаност со криминал и корупција.

„Доста е веќе да вие поради вашиот криминал и корупција го држите народот како заложник и ја држите државата во изолација“, се наведува во објавата.

Засега нема официјална реакција од Максим Димитриевски, ЗНАМ или од ВМРО-ДПМНЕ во врска со изнесените тврдења.

Related posts

СДСМ во Приштина, ЕСП во Вашингтон

admin

Кошта ги повика лидерите на ЕУ на итен самит за Иран, Украина и енергетската безбедност

admin

Фордо: Клучна точка во иранската нуклеарна програма

admin

Ќе паѓаат цените на основните производи

ninja

Арсовска обвинува за урбан хаос во Чаир: Се градат 50 дивоградби, институциите молчат

admin

Општина Тетово: Нема продажба на јавен паркинг, тврдењата се „намерни дезинформации“

admin